- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
С О О П Ш Т Е Н И Е ЗА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ПРОЦЕНИТЕЛ НА ТУТУНДата на објава: 26 Октомври 2011Пријавувањето на заинтересираните кандидати за полагање на испит за добивање на лиценца за проценител на тутун ЗАПОЧНУВА НА 28 ОКТОМВРИ И ЗАВРШУВА ЗАКЛУЧНО СО 7 НОЕМВРИ 2011 година.
Испитот се полага пред комисија што ја формира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Заинтересираните кандидати заедно со пријавата (во која се наведуваат адресата на живеење и контакт телефон) за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутунот треба да ги приложат следните потребни документи:
1. Диплома за завршено високо, вишо или свидетелство за завршено средно образование од областа на технологијата за производство и обработка на тутун или
2. Кандидатите кои немаат соодветно образование треба да приложат копија од М1/М2 Образец со податоци за работниот стаж и тоа: -високо образование со две години работен стаж -вишо образование со три години работен стаж или -средно образование со четири години работен стаж.
За работното искуство во областа на технологијата за производство и обработка на тутун треба да се достави и потврда од фирмата.
3. Кандидатите кои немаат соодветно високо, вишо или средно образование кои се производители на тутун непрекинато најмалку последните пет години треба да приложат договор за производство и откуп на тутун или потврда од претпријатието со кое производителот склучувал договори за производство и откуп на тутун и документ за завршено образование.
Пријавата заедно со потребната документација се доставуваат најдоцна до 07.11.2011 година до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на адреса: улица "Јуриј Гагарин" бр.15, Скопје 1000. За трошоците, местото и датумот на одржување на испитот за полагање, заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат законските услови, дополнително ќе бидат известени. |