- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Ќе се воведат нови мерки кои ќе бидат насочени кон производителите на јаболкаDate of publication: 18 October 2011Откупот на јаболкото се реализира без претходно склучени купопродажни договори, исплатата на преземените количини не е редовна, а ретко се постигнува и добра цена, беше истакнато на денешниот форум за актуелната состојба во секторот производство и преработка на јаболко.
Јаболкото е застапено на околу 4.500 хектари, што е речиси половина од овошните насади во земјава. Моментно е во тек втората половина од бербата.
Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски кој учествуваше на форумот уште еднаш напомена дека планираното, договорно производство и здружувањето на земјоделците во задруги се клуч за успешен аграр.
- Само со дијалог може да се постигне договор, а во земјоделството договореното е најсигурно. Затоа законски го нормиравме и постојано апелираме до производителите и откупувачите да склучуваат договори. Заедно да се договараат, да планираат и да произведуваат бидејќи тоа е најсигурно, истакна Коњановски.
Министерството за земјоделство моментно работи на нов модел за формирање земјоделски задруги што практично ќе значи поквалитетно производство, поголем профит, подобра преговарачка позиција и позиционирање на пазарот.
- Целта е нашите земјоделски производи, освен во државата, успешно да се пласираат и надвор. Новиот модел на задругарство ќе поттикнува зголемување на површините и на производството, ќе го зголеми интересот на земјоделците, но и на откупувачите. Во оваа прилика би апелирал до сите производители на јаболка да се здружат, да бидат тим и да играат тимски зашто само така ќе остварат подобри резултати, рече Коњановски. Тој информира дека е во тек изработката на програмата за рурален развој 2012 која предвидува 20 милиони евра повеќе што, пак, ќе овозможи воведување нови мерки кои директно или индиректно ќе бидат насочени кон производителите на јаболка.
Денешниот форум беше во организација на Федерацијата на фармери и на Сојузот на стопански комори. |