- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Заменик министерот Зоран Коњановски го отвори Државниот натпревар на трактористиДата на објава: 16 Октомври 2011Под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска кај Градско се одржа 52-от Државен натпревар на трактористи. Натпреварот на кој учествуваат 44 трактористи меѓу кои и 4 жени, го отвори заменик министерот Зоран Коњановски.
Тој порача дека Владата ќе продолжи финансиски да го поддржува осовременувањето на земјоделската механизација. Освен преку Програмата за рурален развој, се планира и повлекување дополнителни средства од ИПАРД фондовите.
- Во 2009 и 2010 година со кофинансирање се набавени околу 700 нови трактори. Ваквиот тренд продолжува преку Програмата за рурален развој. Интересот за поддршката кај земјоделците е огромен. Ние веќе ја подготвуваме Програмата за идната година во која ќе има и нови мерки, но голем дел од средствата ќе бидат наменети за нова механизација, изјави заменик министерот.
Министерството за земјоделство во соработка со експерти ќе изготви студија која, меѓу другото, треба да даде податоци за бројот и застареноста на земјоделските машини.
- Резултатите од студијата ќе помогнат да извелечеме дополнителни средства од ИПАРД, што значи дополнителони средства и за нашите земјоделци. Задоволни сме од досегашната поддршка што ја одвојувавме за осовременување на машините, но тука нема да застанеме зашто можеме многу повеќе, рече Коњановски.
Одговорајќи на новинарски прашања, заменик министерот напомена дека многу е голем интересот кај производителите за обработливото земјиште што државата го дава под закуп. Со последниот јавен повик се нудат 4.000 хектари од кои 700 во Градско и Велешко.
Коњановски најави проширување на проектот за градење 100 винарски визби низ Македонија со нови локации.
- Заинтерсирани сме за успешно завршување на проектот. Освен што директно ќе им помагаме на лозарите со градењето нови визби кои ќе го апсорбираат грозјето, ќе се развива и винскиот туризам што е од исклучително знчење за Македонија. Досега се лоцирани голем број парцели на кои ќе се градат објектите, а во соработка со градоначалниците добивме информации дека проектот може да се продлабочи. Во Градско и Велешко се одредени 14 лоакции, но може да се дефинираат уште неколку за нови мини винарии, информира Коњановски.
Во врска со Светскиот ден на храната што се одбележува денеска, заменик министерот истакна дека владините мерки од 2006 година покажуваат сериозен пристап кон мотото „стабилност на цените на земјоделскит прозиводи“. - Лани од извозот на земјоделските производи се реализирани 424 милиони евра што досега, во изминатите 20 години, не беше случај. До јули годинава, пак, бројката достигна 240 милиони евра. Владините политики придонесуваат многу во оваа насока, подвлече Коњановски.
Натпреварот на орачите што традиционално го организира Народна техника е во две категории, лесна и тешка, со реверзибилен и конвенционален плуг. Најдобрите ќе добијат медаљи, а двајца од нив ќе ја претставуваат Македонија на Светското првенство идната година во Хрватска. |