- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Производителите и преработувачите на ориз ја договорија откупната ценаDate of publication: 1 October 2011Претставници на Синдикатот на земјоделците и Кластерот за ориз на денешната работна средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски ја постигнаа бараната откупна цена за арпата и белиот ориз од страна на земјоделците и преработувачите. Килограм квалитетна арпа ќе се откупува по цена од 25 денари, додека белиот ориз во три класи ќе се откупува по 47 денари за прва, 45 за втора и 43 денари за трета класа. Намалена е и цената на луштење, односно биење на арпата од 3 на 2 денара. Комбајнирањето останува по стара цена од 1.000 денари за декар. - Преработувачите прифатија и оваа година да се придржуваат кон мерката за секој увезен килограм бел ориз задолжително да откупат 4 килограми домашен ораз, изјави министерот Димовски. За Ставре Јанев, претседател на Самостојниот синдикат на земјоделците, откупната цена од 25 денари за килограм арпа е реална и ќе ги задоволи интересите на земјоделците. Тој истакна дека на средбата побарал 10-ината регистрирани фирми кои вршат откуп и пласман на ориз да делуваат организирано и да ги почитуваат договорените цени. Според заменик-министерот Зоран Коњановски кој го придружуваше министерот Димовски, мерката на Владата за секој увезен килограм бел ориз задожително да се откупат 4 килограми домашен ориз се почитува. - Ќе промовираме при откупот на арпата и белиот ориз откупувачите да имаат задолжителен договор со земјоделците, истакна Коњановски. |