Соопштение

Date of publication: 
27 September 2011
ZA MZVSH (3).jpg

Владата и министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство презема конкретни активности за поттикнување на овоштарството. Покрај субвенциите за јаболковите насади кои од година во година се зголемуваат последниот период поголем акцент ќе биде ставен врз изградбата на откупно-дистрибутивен центар во Преспа истакна министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на денешното обележување на единаесеттата по ред манифестација  ,,Преспански јаболкобер,,.

 

Годинава на околу 4 000 хектари насади со јаболко во Преспа ќе бидат набрани околу 60 000 тони јаболко што во однос на лани е за 30 насто помал род. Ваквиот намален род е резултат на лошите временски услови во пролетниот период. Сепак се очекува пласманот и цените да бидат добри истакна Михаил Волкановски градоначалник на Ресен.

 

Почетокот на бербата на јаболкото, на симболичен начин, со откинување на првото јаболко го означи министерот Димовски,а заменик министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Зоран Коњановски го предаде во употреба новиот противпожарен дом и реновираното основно училиште Славејко Арсов во село Подмочани.