- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
И земјоделскиот сектор прослави 20 години независностДата на објава: 26 Септември 2011,,Поради се што досега вложивме во развој на македонското земјоделство, особено во изминативе 5 години, Владата на Република Македонија и Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, не по 20 години, туку во многу скора иднина, на македонскиот земјоделец ќе гледа како на европски развиен бизнис партенер. Убеден сум дека во годините што следат, зад нас ќе останат проблемите кои не тиштеа и не назадуваа во развојот во изминатиот период,,.Со овие зборови, министерот за земјоделство,шумарство и водостопставо Љупчо Димовски, им се обрати денеска на земјоделците и на науката на тркалезната маса ,,Земјоделците-следните 20 години,, која се одржа во Струмица по повод 20 години од независноста на Република Македонија. -Заедно имаме воља, енергија за работа и посветеност да да ја стигнеме Европа. Токму затоа во вас во следните 20 години гледам успешни производители на овошје и зеленчук, сточари и модерни производители на житни култури. Во следните 20 години Макадонија ја гледам како развиен организиран систем на плантажи,стакленици, пластеници, овоштарници. Повеќе од сигурен сум дека со енергијата која сега ја инвестираме во развојот на гранката која храни милиони усти, за кусо време ќе им се доближиме на Европа и Светот и ќе покажеме дека со силна сплотеност, една, релативно мала земја може многу да направи и на полето на земјоделството – истакна во обраќањето министерот Димовски. Оваа Влада и Министерството за земјоделство продолжуваат со спроведување на аграрната политика која што веќе дава резултати во развојот и во зголемување конкурентноста на македонскиот земјоделски производ. Во овој момент, додаде тој, за нас најважно е да профункционираат договорните односи во производството и трговијата со земјоделски производи, со цел во прв ред, адекватно вреднување на трудот на сите, на земјоделците, на преработувачите и на трговците. -Со 670 милиони евра кои ги наменивме за поддршка на земјоделството во наредните 5 години ќе продолжиме да ги подобруваме условите за стопанисување во земјоделско-прехранбениот сектор. Досегашните политики за развој на оваа стопанска гранка го трасираа патот за напредок и приклучување на македонското кон европското земјоделство. Токму поради тоа, оваа Влада пред себе ја има агендата за продолжување на започнатите реформи, за реализирање на политиките за развој преку насочување и поддршка на Вас земјоделците – потенцира министерот Димовски. Субвенционирањето на конкурентно земјоделско производство усогласено со барањата на странските пазари е гаранција за успешно реализирана земјоделска политика. Токму поради тоа и во наредниот период, Владата на Република Македонија, која во изминативе 6 години даде милионски суми за поддршка на земјоделствотѕо, ќе продолжи да инвестира во овој сектор. ,,Во земјоделството детектиравме голема перспектива и потенцијал за развој. Токму поради ова, горди сме на епитетот ,,Земјоделска Влада,, кој го заслуживме благодарејќи на соработката со Вас почитувани производители. Ветуваме, вака ќе биде и во следните 20 години. Како и досега, заедно ќе ги креираме законите, ќе го трасираме патот македонското земјоделство да стане успешна европска приказна,,- додаде тој. Претставниците на земјоделските здруженија беа едногласни во ставот дека многу важно земјоделците да се здружат и да прераснат во моќна преговарачка сила со откупувачите и трговците. ,,Сега производителите и преработувачите се конструктивни фактори во креирањето на земјоделската политика преку предлозите кои ги даваат за подобрување на состојбата со земјоделскиот сектор,,- децидни беа тие. Драги Димитриевски, декан на Факултетот за земјоделски науки и храна истакна дека финансиската поддршка која сега ја издвојува државава за земјоделството треба да се свати како влог во иднината,поточно како подготовка за да успееме да опстоиме на големиот европски пазар. ,,Како наука силно ќе ги поддржиме промените со цел да прерснеме во силна, економски развиена економија која ќе може да се соочи со предизвикот од членството во ЕУ,, истакна професор Димитриевски. Државниот советник во Министреството за земјоделство,шумарство и водостопанство Перица Иваноски се осврна на политиките за поддршка на земјоделскиот сектор во изминатиот период. Она што ќе остане одлика за минатите години и децении како што рече тој се структурните турбулентни промени на секторот кој од 1991 година интензивно почна да се развива и да напредува. |