- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
РеакцијаДата на објава: 26 Септември 2011Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство остро реагира на лагите и на извртување на вистината што ја пласира дневниот весник “Капитал“ во јавноста.
Сакаме да ја запознаеме јавноста со аргументи кои се точни и не доведуват никого во заблуда.
Државниот завод за ревизија во извештаите за работењето на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во ниту еден момент не утврдува незаконско трошење на буџетските средства. Сите утврдени недоследности се аргументирани и прифатени со свој соодветен основ.
Токму поради тоа, сметаме дека за некој да пишува, односно да прераскажува ревизорски извештаи, треба да биде стручен и ревизорски образован, така што се она што е напишано од нестручни новинари се голи шпекулации, измислици и инсинуации. Поради тоа, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе превземе соодветни правни дејствија, односно ќе покрене тужба по изнесените тези со наслов „ Димовски го оштетил буџетот за 630 илјади евра‘‘ објавени во дневниот весник Капитал. |