- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Македонија и Кина ја продолжуваат соработката во земјоделствотоDate of publication: 22 September 2011Во рамките на 6-от Форум на соработка помеѓу земјите на централна и источна европа и НР Кина, државниот советник во МЗШВ, м-р Перица Иваноски оствари средба со заменик министерот за земјоделство на Република Кина господинот Ниу Дун. На средбата покрај тоа што беа потенцирани одличните односи и соработка помеѓу двете земји и меѓу министерствата, беше договорено во следниот период клучните области на соработка да вклучат конкретни активности за промоција на македонските производи, пред се македонското вино на кинескиот пазар, скорешно комплетирање на постапката за директен извоз на нашиот тутун во Кина, промоција на можностите за инвестиции од Република Кина во македонскиот земјоделски сектор, научно-техничка и истражувачка соработка особено во важните подсектори како производството на ориз и друго. Во текот на следните два дена македонското земјоделство и можностите за инвестирање ќе бидат презентирани во Хефеи, провинцијата Анхуи пред кинеските бизнисмени и преставниците од другите централно и источноевропски земји. Плодната соработка помеѓу двете земји во делот на земјоделството ќе продолжи и во следните месеци со посета на деловна делегација од провинцијата Анхуи на Македонија во октомври. |