СООПШТЕНИЕ

Date of publication: 
15 September 2011
Konjanovski vo poseta na s. Zubovo.jpg

,,Никој нема право да манипулира со производителите и затоа апелирам до откупувачите да го почитуваат трудот на земјоделците и откупот да го вршат врз основа на склучени договори како што налагаат законските прописи. Договореното е најсигурно, оттаму, уште еднаш упатувам апел и до земјоделците и до откупувачите да се придржуваат до законските норми. Договорното производство е основа за  стабилен пазар тоа е модел за функционирање на довербата и за обезбедување на сигурен пласман,, Со овие зборови, вчера, заменик министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Зоран Коњановски им се обрати на земјоделците од струмичкото село Зубово, каде заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Румен Стаменов, и пратеникот Ромео Тренов посетија неколку откупни пункта за зеленчук.

 

Заменик  министерот Коњановски констатира дека  откупната цена  на пиперката ,,куртовска капија,, засега е стабилна и дека  во иднина очекува дека нема да има проблеми со откупот на оваа земјоделска култура.  ,,Земјоделците се задоволни со моменталната откупна цена, но, целта е задоволни да бидат и откупувачите. Со доматите состојбата е малку посложена бидејќи и соседните земји каде пласираме најголем дел од произведеното оваа година се очекуваат вишок на производство. Министерството за земјоделство ќе направи анализа за ваквата состојба и ќе излезе со конкретни предлог мерки за незино надминување, со цел  истите да не се повторат и во новата сезона-потенцира заменик министерот Коњановски.

 

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство информира дека  инспекторатот спроведува засилен контроли на откупните пунктови со цел  доследно спроведување на Законот за земјоделство и рурален развој во делот на откупот. Само во текот на вчерашниот ден исконтролиравме над 60 откупни пункта. За  компаниите кои не го почитуваат законот, кои манипулираат со земјоделците  со небаждарени ваги, несоодветно класирање на произведеното и слично изрековме казни во висина од над  97 илјади евра. И во наредните денови инспекторатот ќе продолжи со засилени контроли и тоа на територијата на целата држава,,- потенцира Стаменов.

 

Пратеникот Ромео Тренов рече дека во градинарството оваа година настанаа сериозни наружувања на пазарот со појавата на проблемот со ешерихија коли. ,,Мора да направиме напори заедно да ја надминеме ваквата состојба која во еден дел негативно  се одрази и кај нас. ,,Кооперативните односи значат доверба затоа апелирам до производителите и откупувачите за се здружат  да ги почитуваат договорните односи,,- додаде тој.