- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
За 80 проценти зголемен извозот на земјоделски производи на рускиот пазарДата на објава: 14 Септември 2011,,Република Македонија и Руската Федерација традиционално имаат одлична соработка, а потенцијалот за пласман на квалитетни земјоделско-прехранбени производи на овој пазар е голем. Потврда за тоа се позитивните резултати од реализираниот извоз во изминативе три години. Само за периодот 2009 - 2010 година, извозот во Руската федерација е зголемен за осумдесет проценти. Од пласманот на свежо овошје и зеленчук, вино и на други земјоделско-прехранбени производи во Русија во 2010 година државава инкасира 4,3 милиони евра девизен прилив наспроти 2,4 во 2009 година". Ова го констатира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на македонско-рускиот деловен форум кој денеска се одржува во Москва, Русија во рамки на саемот за земјоделски производи,храна и вино ,,Светот на храната".
И оваа година, додаде тој во своето обраќање, горди сме што продолжува позитивниот тренд во извозот. Само за првите 6 месеци на рускиот пазар реализиран е извоз од 6,6 милиони евра, што е околу 6 пати повеќе во споредба со истиот период лани кога сме извезле земјоделско-прехранбени производи во вредност од 1 милион евра. Ваквиот тренд, истакна министерот Димовски е резултат не само на зголемување на количините на производите кои традиционално ги извезуваме на овој пазар туку и на проширувањето на палетата на земјоделско-прехранбени производи, кои станаа атрактивни за купувачите од рускиот пазар.
- За македонските компании останува предизвикот за интензивирање на извозот на производи со поголем степен на преработка, кои се и повеќе доходовни, во прв ред на конзервираниот зеленчук и на овошјето, но и на македонското вино. Поради ова, од исклучителна важност е зголемувањето на размената на информации помеѓу нашите држави и компаниите во делот на земјоделско-прехранбените потенцијали, на понудата и побарувачката на пазарот, со цел интензивирање и зголемување на трговската размена. Саемските манифестации, промоциите и другите форми на маркетинг се само дел од начините за да го реализираме тоа
Тој упати отворена покана до руските компании да инвестираат во Република Македонија, бидејќи, како што истакна, Владата во изминатите 5 години ги постави темелите за стопанисување во земјоделско-прехранбениот сектор на нашата држава. ,,Добредојдени сте да инвестирате во нашата земја, во изградба на проиводствени капацитети, дистрибутивни центри за земјоделски производи, ладилници, фабрики за преработка и сушење на овошје и зеленчук, во капацитети за производство на млеко во прав. Ги повикувам руските компании да отворат дистрибутивни центри за македонски производи во Руската Федерација. Заедно да развиеме систем на заеднички вложувања и во делот на наводнувањето и одводнувањето, на пречистувањето на одпадните води" - рече министерот Димовски во обраќањето.
Инвестирањето во Република Македонија е во интерес на развој на двете економии, додаде тој, бидејќи Руската федерација традиционално е значаен трговски партнер за нашата држава. Според него,првиот чекор кој треба да се направи е да се создаде можност за слободен
Заменик на Претстедателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески, кој ја предводи македонската делегација во Москва, Русија и министерот Димовски го посетија штандот на кој се претставуваат македонските комапнии на саемот ,,Светот на храната,, кој деновиве се одржува во Москва. |