- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Израелската министерка за земјоделство ја поздрави иницијативата на државава за заштита на Охридското ЕзероДата на објава: 6 Септември 2011Израелската делегација предводена од министерката за земјоделство и рурален развој Орид Нокед, придружувана од нејзиниот колега министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска, во Охрид, ја посети јавната научна установа ,,Хидробиолошки завод,,- Охрид. Првите луѓе на оваа институција ја запознаа израелската делегација со изведувањето на процесот на вештачкиот мрест на охридската пастрмка, процес кој почнал да се реализира во 1935 година со основањето на Заводот. Од 2005 година, поради влошената сосотојба со популацијата на ендемскиот вид на охридската пастрмка, како што објаснија од Заводот, започна реализацијата на новиот приод кон вештачкиот мрест со колекционирање на икрите и враќање на матиците назад во водите на езерото. -Процесот на вештачкиот мрест на охридската пастрмка е комплетно финансиран од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во 2004 година воведовме целосна забрана за риболов на сите видови риби на македонскиот дел од Охридското Езеро. Во 2012 година ќе се направи ревизија на состојбата со популацијата на пастрмката и ќе се дефинираат следните чекори-истакна министерот Димовски. Зоран Спирковски, раководител на Одделението за салмонидна фауна, практично рибарство и акавакултура, на министерката Нокед и на членовите на израелската делегација им објасни дека соработката на научно ниво со албанските колеги е на високо ниво. На ваков начин, додеде тој и мрестилиштето во Лин, Република Албанија, ја применува истата методологија за мрест на пастрмката. Целта на овој процес, заклучи тој е да се ревитализира популацијата на овој ендемски вид во Охридското Езеро, до ниво на негова идна комерцијална искористеност. Министерката Нокед изрази воодушевување од активностите на Заводот и ја поздрави иницијативата на Република Македонија за заштита на Охридското Езеро и на ендемскиот вид на охридска пастрмка. |