Работен состанок на тутунарите и откупувачите за подготовка на новата откупна кампања за тутунот

Date of publication: 
29 October 2009
tutunari za veb.JPG

Откупот на тутунот од годинешната реколта може да почне веднаш по верификација на мострите ,беше кажано на денешниот работен состанок на министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со сите откупни претпријатија и со претставници на тутунските здруженијата. Верифицираните мостри за кои е задолжена посебна Комисија во Министерството, ќе бидат доставени до откупните пунктови во законскиот рок односно на 16 ноември. Според искажувањата на откупните претпријатија веќе се обезбедени финансиски средства и веднаш по добивањето на мострите планираат да започнат со откупот.

 

Проблеми генерално не се очекуваат е заклучокот од денешната средба,но тутунарите побараа од откупувачите да не се повтори минатогодишната состојба кога на крајот од откупот тутунот се откупуваше по многу повисока цена.

 

Живко Тасевски,  секретар на Сојузот на здруженија на тутунопроизводители истакна дека откупните цени се дефинирани во договорите за откуп и се  повисоки од ланските.

 

Годинашниот род се проценува дека ќе тежи 20 милиони килограми што е повеќе од лани,меѓудругото, како резултат од зголемувањето на субвенциите од 45 на 60 денари за килограм.