- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Државниот инспекторат за земјоделство со засилена контрола при откупот на грозјеDate of publication: 28 August 2011Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Румен Стаменов согласно разговорите помеѓу Владата, откупувачите и лозарите и согласно законот за вино при откупот на грозјето, на денешната прес конференција информира дека во наредниов период инспекторатот ќе врши интензивни и засилени континуирани контроли кај сите регистрирани откупувачи на грозје.
За таа цел се формирани посебни тимови од инспектори кои постојано ќе ја контролираат работата на секој откупен пункт односно на секој регистриран откупувач. Стаменов укажа дека не смее да се врши откуп на локации кои не се пријавени како откупни места, на секое откупно место задолжително да се истакнуваат откупните цени и тоа 10 дена пред започнувањето на откупот. Истовремено се предупредуваат винарниците, односно регистрираните откупувачи на грозје дека доколку извршат откуп на грозје ,без при тоа да имаа склучен писмен договор со лозарите, согласно законските одредби, нема да добијат субвенции и истовремено ќе бидат законски санкционирани.
Во насока на успешно одвивање на откупот на грозјето,секоја неправилност може да се пријави и на бесплатната телефонска линија 0800 11 000 Засилените контроли на Државниот инспекторат за земјоделство ќе продолжи и при откупот на останатите производи на идентичен начин како што е со откупот на грозјето. |