- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Министерот Димовски и заменик министерот Коњановски на средба со лозари во село СопотDate of publication: 25 August 2011Лозарите кои ќе го предадат грозјето во регистрирани винарски визби ќе добијат по два денара за килограм финансиска поддршка од државата. Винарите, пак, за откупен килограм бело грозје по минимум осум денари ќе добијат 1,5 денари стимулација, а за црвено грозје откупено по најмалку 10 денари ќе добијат 2,5 денари поддршка.
Oва се владините мерки за помош во лозaраството што министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и неговиот заменик Зоран Коњановски денеска им ги соопштија на производителите во кавадаречкото село Сопот.
Владата, информира Димовски, ќе обезбеди дополнителна поддршка за винариите што ќе откупат поголемо количество грозје од просекот во 2009 и 2010 година. Предвидени се по два денара за килограм бело и три денари за килограм црвено грозје.
- Владата на синоќешната седница ја усвои измената на Програмата за директна поддршка во земјоделството. Целта на предвидените мерки е да се стимулира откупот, истакна Димовски.
Поддршката од осум и десет денари за винарите ќе важи само во случај ако откупуваат грозје со најмалку 17 шеќерни единици за белото и со 18 шеќерни единици за црвеното.
Годинава во Македонија се очекува да бидат собрани околу 190.000 тони винско и 60.000 трпезно грозје. Според производителите, квалитетот е одличен. Залихите вино во визбите се проценуваат на 60 милиони литри што е помалку од лани и не е алармантно. |