- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Бесплатниот телефон 195 отворен и за пријавување на шумски пожариDate of publication: 20 July 2011Секторот за аналитика и истражување при Дирекцијата за заштита и спасување, врз основа на прогнозата на времето на Управата за хидометеоролошки работи, за утре, четврток, 21.08.2011 година, информира дека поради превенција од настанување на шумски пожари, припадниците на територијалните противпожарни единици и подрачните одделенија на Дирекцијата за заштита и спасување ќе бидат на ниво на најголема мобилност во неколку региони. Засилени контроли и набљудување на теренот ќе се врши во битолскиот, демиркапискиот, кавадаречкиот, кумановскиот и во регионите кои ги покрива метеоролошката станица Лазарополе. Исто така, нивото на готовност ќе биде подигнато и во валандовскиот регион, во гостиварско, како и во околината на Радовиш, Скопје, Струмица и Велес. Поради најавеното мало намалување на температурите од страна на Управата за хидрометеоролошки работи, според Дирекцијата за заштита и спасување, степенот на опасност од настанување на шумски пожари во другите делови на земјава утре ќе биде помал, иако, опасноста поради релативно високите температури, сеуште постои. Координативното тело за заштита на шумите од пожари апелира граѓаните да ја почитуваат воведената делумна забрана за движење во шума и шумскиот ред. Поради опасноста од ширење на пожарите како последица на ветерот, Координативното тело ги потсетува земјоделците дека е забрането и палење на стрништата. Управата за хидометеоролошки работи за утре најавува засилен северозападен ветер, кој ќе услови намалување на температурата за неколку степени. На бесплатниот телефонски број 195 во Центарот за управување со кризи на отворената телефонска линија 02-155-22 на јавното претпријатие ,,Македонски шуми,, во противпожарните станици, во единиците на локалната самоуправа, полицијата и во Дирекцијата за заштита и спасување, граѓаните ќе можат да ја пријават секоја евентуална појава на шумски пожар. |