- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
УХМР најавува минимално намалување на температурите-опасноста од пожари сеуште постоиDate of publication: 19 July 2011Управата за хидрометеоролошки работи при Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство информира дека и покрај сончевото и топло времe, утре, среда, 20.07.2011 и во четврток можна е појава на изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер као и услови за град. Денешните температури од 32 до 38 степени, утре и во четврток според УХМР ќе се намалат за неколку степени поради утрешното променливо облачно време и локалната појава на пороен дожд и грмежи. Во поголемиот дел од државава во текот на утрешниот ден ќе дува и силен ветер од југозападен правец, а во четврток ќе дува ветер од северозападен правец. Поради наквите најави, во четврток според УХМР се очекува пад на температурите за неколку степени. Секторот за аналитика и истражување на Дирекцијата за заштита и спасување предупредува дека поради топлото време и бујната сува вегетација, на поголемиот дел од територијата на Република Македонија за утре (20.07.2011 година) постои сериозна опасност од настанување на шумски пожари. Така, врз основа на податоците за температурата, движењето на ветрот, притисокот и релативната влажност кои Дирекцијата ги добива од Управата за хидрометеоролошки работи, најголема опасност за настанување на шумски пожари ќе има во Беровско, во битолскиот регион, во Дебар, Демир Капија, Гевгелија, Свети Николе и Кавадарци. Припадниците на територијалните противпожарни единици и подрачните одделенија на Дирекцијата за заштита и спасување и во текот на утрешниот ден, на ниво на најголема мобилност поради опасност од шумски пожари ќе ги распореди екипите и во Куманово, Лазарополе, Маврово, во Охрид, Ресен, Прилеп, Радовиш, Скопје и на Солунска Глава. На највисоко ниво мобилноста ќе остане и во Штип, Струмица, Демир Хисар, Велес, Виница и Пробиштип. Помала опасност од појава на шумски пожари според Дирекцијата утре ќе има во Крива Паланка, Крушево, Валандово, Струга, Гостивар, Попова Шапка, во Пожаране и во Тетово. И покрај најавите на Управата за хидрометеоролошки работи за мало намалување на температурите во наредните два дена, Координативното тело за заштита на шумите од пожари ги информира граѓаните дека сеуште постои опасност за појава на пожари во шумите. Затоа Телото уште еднаш ги потсетува граѓаните да се почитуваат воведената делумна забрана за движење во шума и шумскиот ред. Координативното тело ги потсетува земјоделците дека е забрането и палење на стрништата. Секоја евентуална појава на пожар, граѓаните можат да ја пријават во Центарот за управување со кризи на бесплатниот телефонски број 195, на отворената телефонска линија 02-155-22 на јавното претпријатие ,,Македонски шуми,, во противпожарните станици, во единиците на локалната самоуправа, полицијата и во Дирекцијата за заштита и спасување. |