- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Се воведува делумна забрана за движење во шумите за да се спречи појавата на пожариDate of publication: 18 July 2011Координативното тело за заштита на шумите од пожари при Владата на Република Македонија, денеска, во Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство одржа состанок на кој беа дефинирани активностите на членките на Телото, со цел интензивирање на мерките за превенција и заштита на шумите од пожари. Како што беше истакнато на состанокот, засилени се контролите на терен од страна на сите субјекти вклучени во заштита на шумите и во превенцијата и справувањето со шумските пожари. Државниот инспекторат за шумарство и ловство при Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство кој ги координира активностите на Телото, информира дека се известени сите субјекти кои стопанисуваат со шумите да прогласат делумна забрана за движење во шума, поради опасноста од настанување и ширење на шумски пожари како последица на високите температури и бујната сува вегетација. Испратено е и задолжување до нив да ги информираат граѓаните за почитување на шумскиот ред. Координативното тело за заштита на шумите од пожари апелира граѓаните да ја почитуваат воведената делумна забрана за движење во шумите. Согласно Законот за шуми, казната за физичките лица кои нема да ја почитуваат забраната, односно кои ќе се затекнат како се движат во шума без дадено одобрение од страна на корискикот на шумите, се движи од 2 до 3 илјади евра. Казната за правните лица кои не преземале мерки за заштита на шумите од пожари изнесува од 15 до 20 илјади евра. Координативното тело ги потсетува земјоделците е забрането палењето на стрништата. Според Законот за ловство казната за палење на стрниште,плевели и други растителни отпадоци се движи од 6 до 8 илјади евра за правни лица и од 1,5 до 3 илјади евра за физички лица. Освен казните за сторениот прекршок,сторителот ќе треба да ја надомести и штетата. Секоја евентуална појава на пожар, граѓаните можат да ја пријават во Центарот за управување со кризи на бесплатниот телефонски број 195, на отворената телефонска линија 02-155-22 на јавното претпријатие ,,Македонски шуми,, во противпожарните станици, во единиците на локалната самоуправа, полицијата и во Дирекцијата за заштита и спасување. |