- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Од утре почнуваат ИПАРД информативните денови за граѓанитеDate of publication: 17 July 2011Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка за Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, од утре, понеделник, 18.07.2011 година до 26.07.2011 година ќе одржат ИПАРД информативни денови за запознавање на земјоделците и компаниите со можностите за користење на средства од ИПАРД Програмата за 2007-2013 година. Бесплатни совети и стручна помош сите заинтересирани субјекти за аплицирање за ИПАРД ќе можат да добијат и на отворената телефонска линија 02 -3- 110-887 на Телото за управување со ИПАРД, како и лично на адеса улица ,,Даме Груев,, блок 2,локал 5 (позади зградата на Собранието на Република Македонија). Исто така, за бесплатни совети и стручна помош околу подготовката на апликациите, граѓаните можат да се обратат и во регионалните канцеларии на Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, вчера го објави вториот јавен повик за 2011 година за користење на 18.565 милиони евра од европските предпристапни фондови. ИПАРД информативните денови почнуваат утре, понеделник 18.07.2011 година, во 17 часот во салата на општина Чешиново-Облешево. Во 20 часот во општина Берово, тимот на Управувачкото тело ќе ја презентира ИПАРД програмата пред граѓаните на Берово. Во вторник 19.07.2011, ИПАРД информативните денови ќе продолжат во 17 часот во општините Василево и во Дебар, а со почеток од 20 часот во Радовиш и во Маврово-Ростуше. Во среда, 20.07 2011 година ИПАРД информативни денови ќе се одржат во Вевчани, во 17 часот во салата на општината и со почеток од 20 часот, во Дебарца, во салата на старата општина во Мешеишта. Тимовите на Телото за управување со ИПАРД на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, во петок, 22.07.2011 ќе одржат ИПАРД информативни средби со граѓаните во Македонски Брод ( во 17 часот во салата на општината) и во општинската сала во Другово во 19 часот. Во понеделник 25.07.2011 година, ИПАРД информативните денови ќе продолжат во демирхисарското село Сопотница, во 17 часот во салата на подрачното училиште,,Браќа Миладиновци,, и во 19 часот во Демир Хисар во салата за состаноци на Домот на културата ,,Илинден,,. На 26.07.2011 година, вторник, во 17 часот во салата на основното училиште ,,Кирил и Методиј,, ќе се одржи ИПАРД информативен ден во село Стојаково(општина Богданци), а во 19 часот во гевгелиското село Негорци, во салата на општинската канцеларија. |