- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
На Бистра се одржа седмата манифестација ,,Ден на одгледувачите на овци и кози,,Дата на објава: 16 Јули 2011Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска, на локалитетот ,,Смрдливи вирови,, на бачилото на ,,Вардар 03,, АД Градско, на Бистра, ја отвори традиционалната, седма по ред манифестација ,,Ден на одгледувачите на овци и кози,,. -Од 2005 година кога за прв пат беше организирана оваа манифестација, годинава, со гордост можам да констатирам дека ,,Денот на овчарството и козарството,, прерасна во врвен собир на еснафот. Овде на едно место, во интерес на унапредување на овие две , за Република Македонија и за регионот важни сточарски гранки, се среќаваат и разменуваат искуства производителите, преработувачите и и науката,,- рече во обраќањето министерот Димовски. Во нашата држава овчарството има значајна улога во остварувањето на бруто домашниот производ и го зазема третото место во извозот на земјоделско прехранбените производи. Поволните климатски услови и традицијата, како што додаде тој, се основите на кои сега почиваат современото овчарство и козарство во Македонија. -Од година во година, се поголемата финансиска поддршка на државата на овие два сектора, се доволна потврда дека има перспактива за унапредување и развој на овие сточарски гранки. Радува фактот што само во изминативе 4 години бројот на овците е зголемен за околу 67 илјади грла, односно од над 668 илјади во 2008 година, сега во земјава се одгледуваат повеќе од 755 илјади овци –потенцира министерот Димовски. Богатството од вкусови, шареноликоста од култури, вековното почитување и прифаќање на автентичноста на природата според министерот Димовски се успешна формула за потврдување на природниот потенцијал и на умешноста на народот кој живее овде. ,,Владата на Република Македонија е убедена дека со сериозна стратегија за развој и поддршка од страна на државата, на европските пазари, нашата држава ќе ја засили позицијата како производител на на препознатливото македонско јагне. Пред нас е и предизвикот Европа да не препознае и по традиционалното производство на квалитетно сирење и кашкавал,, – рече министерот Димовски. Оваа година акцент на манифестацијата беше ставен на бидиверзитетот, односно на заштитата на нашите автохтони раси овци како една од мерките за зголемување на производството на квалитетна храна. Во рамки на манифестацијата традиционално се одржа изложба на расни грла овци и кози, а беа прогласени и победниците на натпреваритево молзење и стрижење овци и во производство на најквалитетно сирење произведено во мандра. |