- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Забрането палење на стрништата како превентива од пожариДата на објава: 14 Јули 2011Поради опасноста од пожари, како последица на високaта температура, Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство апелира граѓаните крајно внимателно да се движат во шумите. Секоја евентуална појава на пожар, граѓаните можат да ја пријават на отворената телефонска линија 02-155-22 на јавното претпријатие ,,Македонски шуми,, како и во противпожарните станици, во единиците на локалната самоуправа, полицијата и во Дирекцијата за заштита и спасување. Согласно Законот за шуми, казната за физичките лица кои ќе се затекнат како се движат во шума за време на забраната за движење во шума која што ја донесува корисникот или сопственикот на шумата, а ако за тоа нема добиено одобрение од него се движи од 2 до 3 илјади евра. Казната за правните лица кои не преземале мерки за заштита на шумите од пожари изнесува од 15 до 20 илјади евра. Министерството ги потсетува и земјоделците дека палењето на стрништата е забрането. Според Законот за ловство казната за палење на стрниште,плевели и други растителни отпадоци се движи од 6 до 8 илјади евра за правни лица и од 1,5 до 3 илјади евра за физички лица. Освен казните за сторениот прекршок,сторителот ќе треба да ја надомести и штетата. |