Известување

Date of publication: 
3 June 2011

Во врска со објавениот Јавен конкурс за давање на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовните ревири и рекреативните зони објавен во “Службен весник на Република Македонија” број 45 од 7 април 2011 година Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство известува за следново:

 

Во делот V  од Јавниот конкурс е наведено дека отворањето на понудите ќе биде јавно десет  дена од завршувањето на предвидениот рок за нивното доставување.

Од аспект на одредбите од Законот за спречување на корупцијата, во периодот од донесување на Одлука за распишување избори до завршување на изборот на пратеници во собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија постои законска пречка за продолжување на започнатата постапка.

Од овие причини постапката (отворањето на понудите, изборот на најповолен понудувач и донесување на Одлука за давање на концесија ќе продолжи по изборот на Владата на Република Македонија.

За денот, местото и времето на јавното отворање на пристигнатите понудите по објавениот Јавен конкурс за давање на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовните ревири и рекреативните зони ќе се објави дополнително известување на WEB страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.