- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Враќање на мандрите на Дојранско ЕзероDate of publication: 26 May 2011Враќање на традиционалниот начин на рибарење на Дојранско Езеро дава новиот Законот за рибарство и аквакултура како и риболовната основа. Со нив се отвора можност повеќе концесионери да го организираат риболовот со единствениот начин на рибарење со мандри. Заживувањето на традицијата исто така ќе помогне и во позиционирањето на Дојран во атрактивно туристичко место истакна заменик министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Перица Иваноски на синоќешната презентација пред дојранчани. Додека трае постапката за давање на концесијата за стопански и за рекреативен риболов, добро е да се прецизираат бројот и големината на мандрите како и помошта која може да ја даде министерството за успешна реализација на овој вид атрактивен риболов појасни заменик министерот Иваноски. За изградба на мандрите и нивното функционирање како што беше кажано на презентацијата од страна на дојранчани ќе бидат потребни финансиски средства. За таа цел беше посочено веќе се обезбедени субвенции преку Програмата за финансирање на рибарството и аквакултурата. На презентација беше заклучено дека риболовната основа за Дојранско Езеро ја дава рамката за современо рибарење врз база на вековната традиција, а на следната средба да се разговара за конкретни активности со исцртување на идните граници на мандрите. |