- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Министерот Димовски им вети на фармерите продолжување на развојните политики во земјоделствотоDate of publication: 19 May 2011,,Министреството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја смета Федерацијата на фармерите во Република Македонија за сериозна земјоделска организација, партнер со кој преговара, договара и креира политики за развој на производството на храна, темелени на потребите на земјоделците. Потврда на веќе изградениот партнерски однос е и тоа што Федерацијата го поднесе првото барање за официјално евидентирање како економско социјален партнер на Министерството за земјоделство, согласно Законот за земјоделство и рурален развој,,. Ова го истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на денешното обраќање на Генералното собрание на Федерацијата на фармерите во Република Македонија што се одржа во Куманово.
Во соработка со земјоделските здруженија, а кaко што посочи тој, во изминативе години Министерството успеа да изгради квалитетни политики за развој на земјоделството кои на теренот веќе ги даваат позитивните резултати и тоа преку зголемено производство и извоз, организираност на земјоделците и нивна се поголема вклученост во целокупните општествени текови, особено во оние кои се непосредно поврзани со производството, преработката и трговијата со храна.
-Убедени сме дека 365 милиони евра кои ги вложивме во македонското земјоделство преку субвенциите во изминатите 5 години ја постигнаа целта. Го зголемивме обемот, но и конкуренцијата на нашето земјоделско производство. Останува предизвикот за уште поголема организираност на производителите се со цел, македонското земјоделство да ги достигне европските стандарди и да стане сериозен конкурент и да големите и доброорганизирани земјоделски земји. Веруваме дека ова е реалност и затоа преку програмите даваме финансиска поддршка и за земјоделските задруги како еден од основните облици за економско здружување на земјоделските стопанства заради вршење на економска дејност – додаде министерот Димовски.
Преку Програмата за рурален развој, како што објасни тој, Министерството за земјоделство дава субвенции за воспоставување на нова земјоделска задруга, но и за одржување на работата на постоечките. Настојувајќи да им помогнеме на малите фармери кои во иднина мораат да ја засилат својата профитабилност и конкурентност, најголемиот дел од субвенциите се наменети токму за нив. ,,Поради овие причини од 2006 година рапидно ја зголемивме поддршката во земјоделството. Така ќе продолжиме и натаму, во соработка со Вас да реализираме уште многу големи предизвици,, – истакна министерот Димовски.
И во иднина остануваме на реализацијата на стратешките цели да ги подржуваме пазарни ориентираните производители,младите фармери и жените,се со цел тие да ја зголемат конкурентноста и да бидат стожер на развојот на економијата на Република Македонија. |