- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Забрана за вршење риболов на Тиквешко ЕзероDate of publication: 11 May 2011Врз основа на член 95 став 1 алинеја 1 од Законот за рибарство и аквакултура (Службен весник на Република Македонија бр.07/08, 67/10, 47/11 и 53/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесува
З А Б Р А Н А за вршење риболов на риболовната вода Тиквешко Езеро
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Забраната за вршење риболов се носи заради моменталната сосотојба на подготвеноста за природен мрест на популациите риби од Тиквешкото Езеро, а врз основа на дописот број 08-4407/1 од 29.04.2011 година од концесионерот на рибите Селект – ГМ Кавадарци и мислењето број 02-162/1 од 26.04.2011 година од ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид изработувач на риболовната основа за Тиквешкото Езеро кое е доставено во прилог на дописот од концесионерот. |