Заменик министерот за земјоделство Перица Иваноски во посета на земјоделски капацитети во Кавадарци

Date of publication: 
8 May 2011
perica ivanovski2.jpg

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ја посети општината Кавадарци  при што оствари средби со граѓаните на Кавадарци на зелениот пазар. Земјоделците го истакнаа задоволството од високите цени на производите но на сите средби беше потенциран проблемот со и неисплата на винското грозје од страна на винарските визби.

 

Заменик министерот потенцираше дека поддршката од страна на владата на Република Македонија преку исплата на основните субвенции од 40.000 денри/ха и дополнителните од 2 денари по килограм предадено грозје е целосно испатена во вкупен износ на средства од 667 милиони денари (околу 11 милиони евра). Сепак главниот приход лозарите треба да го остварат од продажбата на нивниот производ каде долго време неоправдано ги немаат добиено парите. Во насока на надминување на овој проблем владата покрај преку разговори кои ги има со винарските визби за побрза исплата, направи и законски измени со кои винарските визби се обврзани да го исплатат грозјето доколку сакаат и понатаму да се занимаваат со производство на вино.

 

Заменик министерот Иваноски имаше неколку средби и со некои од најреномираните земјоделско-преработувачки капацитети во општината кои во исто време се на врвот и на македонското земјоделство. Во компанијата Кав комерц која се занимава со откуп и извоз на градинарски производи и грозје беше споделена информацијата за задоволителната цена градинрските производи, зелката која се откупува со цена од 12-15 денари и краставицата со цена од 20-25 денари за килограм . Компанијата поседува современи ладилници, сопствени шлепери за транспорт и претставништва во земјите на поранешна Југославија што обезбедува сигурен пласман на производите на традиционалните пазари. Дополнително компанијата го има проширено својот бизнис и во мала винарска визба за кои инвестициони активности истата има користено поддршка на инвестициите од програмите за рурален развој и ИПАРД.

 

Дополнително беше оставарена и посета на кланицата Серта која со 40% од вкупно извезените јагниња од Република Македонија е најголем капацитет од ваков тип во државата. Заменик министертот во оваа прилика истакна дена во првите четири месеци за оваа година од државата се извезени 1.978 тони јагнешко месо односно зголемување за 10% на извезените количини во однос на истиот период изминатата година  и тоа претежно на италијанскиот, хрватскиот и грчкиот пазар. Од кланицата информираа дека во следниот период производството ќе го зголемат во новокупениот објект во Прилеп, а најавија и изградба на погон за конфекционирање на месото за поголема вредност.