Промовирана нова веб страница ,,Органска Македонија,,

Date of publication: 
21 April 2011
Organsko web-strana 009.jpg

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во рамки на неодамна започнатата кампања за популаризација на македонското органско производство, во соработка со Федерацијата на органски производители изработи специјализирана интернет страница за органско прозводство. Страницата е алатка која ќе ги даде основните информации за  органската храна и на полесен начин непосредно ќе ги поврзе потрошувачите со фармерите. На едно место веб страницата нуди информации за количествата и за местата каде можат да се купат органски производи,истакна министерот за земјодеслтво,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на денешната нејзина промоција .

 

Интернет страницата ,,Органска Македонија,, овозможува, лесен пристап до  информациите на органските производители и понудата на домашни органски производи.

 

Како резултат на заложбите на Владата и на министертвото за земјоделство продолжува континуитетот на раст и развој  на органското производство,а со тоа и побарувачката на органска храна. Од година во година се поголем е бројот на лицата кои се занимаваат со органско  производство, а се зголемуваат и  сертифициранитe површини. Од 226 хектари во 2005 година и само 50 сертифицирани органски фармери, минатата година, според статистиката на Министерството за земјоделство е рекордна по развојот на органското производство и по зголемувањето на бројот на производители и по сертифициранатa површина.

 

Во 2010 година евидентирани се 562 органски фармери, наспроти 321 во 2009 година, а сертифицираната површина е поголема од 5.200 хектари, што е зголемување за околу  3.800 хектари во споредба со  2009 година.

 

Република Македонија располага со 3.000 ха органски житарици, околу 1000 ха фуражни култури, 350 ха овоштарници, 245 ха лозови насади, 200 ха градинарски култури. Исто така и органското сточарство забрзано се развива. Во 2009 година сертифицирани како органски беа 377 грла крупен добиток,а во 2010 г. нивниот број изнесуваше над 2.500 грла.

 

Минатата година значително е зголемен бројот на  сертифицирани органски овци, од 22 илјади во 2009, лани достигна до над 98 илјади. Секако, трендот на пораст го следи и органското козарство. Минатата година евидентирани се за 2 илјади грла повеќе органски кози од 2009 година кога имаше само 1.039 грла.    Како резултат на зголемувањето на сертифицираните површини за органско производство и на бројот на органски фармери, годинава Владата ја зголеми финансиската поддршка за оваа категорија земјоделски производители од ланските 70,8 милиони денари на 110 милиони денари. Во Република Македопнија стручната контрола и сертификацијата на органското земјоделско производство вршат две сертификациски тела кои се овластени од страна на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, а целосната контрола и супервизија над работењето на сертификациските тала ја врши Државниот инспекторат за земјоделство.Имајќи го во предвид значењето на органската храна, како и промоцијата на новота национална ознака за органски производ, МЗШВ почна со реализација на  Национална кампања за подигнување на свеста на потрошувачите за органската храна. Како резултат на досегашните активности, органските производи веќе си го наоѓаат своето место на домашниот пазар. Во поголемите меркети имаше поголем број македонски органски производи.

 

Содржините и информациите кои можат да се најдат на оваа веб страница во наредниов период ќе се надоградуваат.