- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Седми Поткомитет за земјоделство и рибарствоДата на објава: 18 Април 2011На 14 и 15.04.2011 година, се одржа 7-от редовен состанок на Поткомитетот за земјоделство и рибарство помеѓу претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и претставници на соодветните генерални директорати при Европската комисија за земјоделство и рурален развој и за проширување.
Во текот на дводневната работна средба беа разгледани активностите кои министерството за земјоделство ги реализираше во периодот април 2010 - април 2011, во рамките на евро-интегративниот процес на нашава земја во областите кои се во надлежност на министерството - земјоделство и рурален развој, безбедност на храната и ветеринарна политика и рибарство.
Од страна на претставниците на европската комисија, беа истакнати значителните напори во исполнувањето на стандардите и критериумите за членство во ЕУ, како и остварениот евидентен напредок во соодветните области. Покрај тоа, беа утврдени и претстојните активности во рамките на процесот, за целите на негово дополнително интензивирање. Во рамките на средбата, беше остварена и посета не неколку проекти финансирани од ИПАРД Програмата во Република Македонија.
7-от состанок на Поткомитетот за земјоделство и рибарство го отвори г-дин Питер Соренсен, Амбасадор на ЕУ во Република Македонија. Од страна на ЕУ, со поткомитетот претседаваше г-дин Џон Кларк, Директор на Одделот за Меѓународна соработка и проширување при генералниот директорат за земјоделство, а од македонска страна, г-дин Перица Иваноски, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. |