- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Интензивни активности за сигурен откуп, пласман и извоз на македонските земјоделски производиDate of publication: 8 April 2011Бројот и опременоста на откупно-дистрибутивните центри за свежо овошје и зеленчук не задоволува поради што еден од основните приоритети на Владата останува градење нови и осовременување на постоечките. Целта е обезбедување сигурен откуп и пласман на земјоделските производи, подобар маркетинг, воведување современи пазарни стандарди и поголем извоз.
Како што рече денеска на прес-конференција заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски, веќе е во тек изградба на 10 нови откупно-дистрибутивни центри, а проекциите се секоја година да се градат по најмалку пет.
- Од 1. јуни годинава земјоделците ќе може да го предаваат производството во новиот објект на „Агрокор“ чиј капацитет, 35.000 тони, опслужува 1.500 кооперанти. За овој проект во делот електрична и патна инфраструктиура, како и изготвување планска документација, Владата обезбеди 90 милиони денари, истакна Иваноски.
Државата ќе кофинансира половина од трошоците на домашните инвестиции во откупно-дистрибутивни центри преку ИПАРД и Програмата за рурален развој.
- Веќе се градат шест откупно-дистрибутивни центри од кои три во Скопско и по еден во Валандово, Радовиш и Гевгелија за кои вкупната инвестиција изнесува околу два милиона евра. Половина од овие средства ќе покрие државата по реализирање на вложувањата, посочи заменик министерот.
Поодбрување ќе има и во откупот и пласманот на јаболката. Во Ресенско течат подготовките за откупно-дистрибутвниот центар чиј капацитет се планира да биде 25.000 тони.
- Парцелата е внесена во планската урбанистичка документација. Теренските активности треба да почнат до крајот на годинава или почетокот на идната. Изградбата предвидена за месноста Макази ќе се одвива во две фази, првата со капацитет 16.000 тони и втората со 9.000 тони откуп, рече Иваноски.
Покрај изградба на откупно-дистрибутвни центри, за подобар маркетинг и пласман, Владата ќе продолжи, потенцира Иваноски, и со привлекување директни странски инвестиции во маркетингот. |