Министерот Димовски се обрати на отворањето на Европската сателитска конференција

Дата на објава: 
6 Април 2011
100_4794.jpg

,,Република Македонија  ги следи светските текови и вложува во развојот на хидрометеорологијата, бидејќи таа за нашата држава има стратешко значење и респективна, стручна улога во заштитата на луѓето и матријалните добра и на  севкупниот социјално - економски развој на општеството,,. Ова го истакна министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски во неговото денешно обраќање на отворањето на Европската сателитска конференција за земјите од Источна Европа и Западен Балкан, чиј домаќин е Управата за хидрометеоролошки работи, а на која присуствуваше и Васко Наумовски, заменик претседател на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања.

 

Живееме во време на глобални атмосферски процеси и влијанија, климатски промени и колебања, на глобално затоплување, зголемена фреквенција на атмосферски елементарни непогоди, кои, како што истакна министерот Димовски, за жал не ја одминуваат и Република Македонија. Брзиот пораст на бројот на населението, развојот на индустријата и човековите активности, додаде тој, доведоа до нарушување на природните услови на атмосферата и природната средина. Во напорите за справување со ваквата состојба, донесени се повеќе резолуции и потпишани се  меѓународни конвенции на ниво на Обединетите Нации и нејзините специјализирани агенции, но и со Европските метеоролошки институции.

 

-Најголемо учество има Светската метеоролошка организација која со измената на постоечките и воведувањето на нови програми, преку националните хидрометеоролошки служби ги следи метеоролошките и хидролошките појави и врши контрола на природната средина, во нови современи услови.Сателитските набљудувања на атмосферата направија револуција во метеоролошката наука и оперативна работа во сите специјални области на метеорологијата и овозможија непрекинато визуелно следење на движењето на облачните системи, нивната структура, состав, вертикален профил на атмосферата, циклони, фронтални системи,  шумски пожари и друго- додаде тој.

 

Најактуелна улога на хидрометеоролошката служба е во намалувањето на ризиците од катастрофи, како што објасни министреот Димовски е дефинирана во Националната платформа на Република Македонија од  2009 година, бидејќи Управата за хидрометеоролошки работи не е само доставувач на основни податоци и информации, туку е и значаен фактор во политиката во градењето на стратегии и во нивното планирање и имплементација.

 

Според генералниот секретар на Светската метеоролошка организација Мишел Жеро, за да се направи добра прогноза потребна е добра информација. Сателитскиот мониторинг дава мошне важни информации, но ваквите сознанија мора да се надополнат со податоци кои се добиваат на традиционалните начини на опсервација.

 

-Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија е екипирана и добро опремена и може да се носи со сите европски метеоролошки служби, но секогаш е потребно да се биде во чекор со новата технологија, рече Ванчо Димитриев директор на Управата за хидрометеоролошки работи.