- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Распределба на земјоделско земјиштеDate of publication: 25 March 2011Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на почетокот од неделава распиша јавен оглас за давање во закуп до 10 хектари на земјоделско земјиште во државна сопственост, согласно најновите измени на Законот за земјоделско земјиште.На овој оглас се понудени повеќе од 4 илјади хектари во 17 општини, а времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето е од 15 до 50 години во зависност од насадот и од културата истакна на прес-конференција министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.
За прв пат може да се конкурира и за земјиште на кое се предвидува подигнивање на оранжерии што досега не беше дозволено. Со донесувањето на измените на Законот за земјоделско земјиште оваа пречка веќе е надмината.
Новина е и тоа што физичките лица може,но не мора да се регистрирани вршители на земјоделска дејност. За државна земја може да конкурираат и земјоделци кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства што се води во Министерството за земјоделство.
Според критериумите, предност или поголем број бодови ќе имаат понудувачите кои живеат во местото каде што е огласено земјоделското земјиште. Во согласност со Законот се менуваат и критериумите за почетната цена. За разлика од претходните огласи, сега почетната цена за хектар се утврдува во зависност од катастарската класа и местоположбата на земјиштето и изнесува 25 евра во денарска противредност за земјоделско земјиште од 1 до 4 катастарска класа, а 15 евра во денарска противвредност за земјоделско земјиште од 5 до 8 катастарска класа.
Почетната цена на земјоделското земјиште кое се наоѓа во планински подрачја, од 1 до 4 катастарска класа изнесува 15, а за земјиште од 5 до 8 класа изнесува 5 евра. Со ова практично ќе се овозможи реална и достапна цена за земјоделско земјиште во планинските подрачја.
Со измените на Законот се отвори можноста и за објавување на јавен повик за доставување на понуди за земјоделското земјиште во државна сопственост до 10 хектари за катастарските општини Росоман и Сопот во општина Кавадарци како и во Криволак општина Неготино. Оваа постапка со прибирање на понуди се спроведува кога понудувачите самостојно со геодетски елаборат изработен од страна на трговец поединец овластен геодет или трговско друштво за геодетски работи ги определуваат катастарските податоци со точни мери и граници на земјоделското земјиште во државна сопственост за кое поднесуваат понуда за добивање во закуп во рамки на катастарската општина во која се објавува земјиштето.
Министерство за земјоделство досега има склучено 4 524 договои за закуп на земјоделско земјиште за површина од 140.000 хектари. До 2006 година слободно може да се каже дека процесот на издавање под закуп на државно земјоделско земјиште беше скоро заборавен и имаше склучено само 313 договори со земјоделци за околу 18 500 ха. 98 договори беа склучени со комбинатите и тоа за површина од 80. 000ха.
Со интензивното работење на министерството од 2006 до минатата година, објавивме 40 јавни огласи за распределба на 37.790 хектари и склучивме 3 614 договори со земјоделски производители, наспроти 411 договори за 98 500 хектари во претходниот период истакна министерот Димовски.
Слична е состојбата и со доделеното земјиште на плодоуживање на социјално необезбедени лица.Од минималните површини до 2006 година сега имаме 499 плодоуживатели кои обработуваат околу 3.700 хектари.
Исто така важен е и податокот дека земјоделците сега ја плаќаат закупнината, а износот од закупнината кој што е приход на Буџетот на Република Македонија во последните три години изнесува 566 милиони денари.
Може да се забележи драстичната разлика во наплатата на закупнината, односно колку државата губела по овој основ со тоа што не била распределувана земјоделската површина.
До 2002 година кога државното земјиште го користеле само околу 400 земјоделски субјекти во буџетот уплатиле минимални 10,5 милиони денари за разлика од 2009 година кога овој износ е неколкукратно зголемен и изнесува околу 256 милиони денари.
Министерството за земјоделство и оваа година ќе продожи со објавување на јавни огласи и повици за давање под закуп на државно земјоделско земјиште во сите региони. |