- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Македонско-Косовски бизнис форумDate of publication: 24 March 2011Македонските и косовските стопанственици треба да најдат нови форми за продлабочување на соработката, за заеднички вложувања во инфраструктурни и енергетски проекти и настап на трети пазари. Властите, пак, во двете држави, да ги отстранат постојните бариери и да создадат поволна бизнис клима за странски инвестиции во интерес на равој на регионот.
Ова се пораките кои ги упатија претседателите на Република Македонија и Република Косово Ѓорѓе Иванов и Беџет Пацоли на учесниците на македонско-косовскиот бизнис форум, што се одржа во Скопје.
- Вкупната трговска размена на Македонија со Косово во 2010 година споредено со 2009. е зголемена за 41 процент. Косово е важен трговски партнер на Македонија. Искрено се надевам дека бројот на компаниите кои соработуваат ќе се зголемува во наредниот период бидејќи постојат поволни услови за тоа,- истакна Претседателот Иванов.
Со склучениот Договор за економска соработка, додаде тој, очекуваме компании од двете земји да учествуават и во инвестициски капитални проекти, особено во делот на земјоделството, енергетиката, инфраструктурата и туризмот.
Шефот на косовската држава Беџет Пацоли побара урамнотежување на трговската размена, и залагање за надминување на проблемите со сертификатите за потекло на стоките. ,,На ваков начин ќе се овозможи слободно движење на стоките и луѓето, а тоа ќе биде основа и за изградба и обнова на патната и железничката инфраструктура и за создавање на подобра клима за инвестиции.
Во своето обраќање, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски истакна дека можностите и перспективите на земјоделско-прехранбениот сектор на Република Македонија и Република Косово се големи,,Протоколот за соработака во областа на земјоделството и сродните сектори, кој што вчера го потпишавме е само уште една потврда на определбата и посветеноста на нашите држави за интензивирање на соработката и во областа на земјоделието и на доследното следење на европските и светските заложби за производство на повеке храна,,-рече министерот Димовски.
Во делот на вкупната, но и во поглед на размената со земјоделско-прехранбени производи Македонија и Косово имаат воспоставено солидни односи на соработака. Како земји членки на централно европскиот договор за слободна трговија-ЦЕФТА, трговијата ја реализираме во услови на целосна либерализација.
-Минатата година, Македонија со Косово реализира вкупна размена со земјоделско-прехранбени производи во вредност од 52.5 милиони евра, што претставува учество од околу 5,5 % во вкупната размена на земјоделско прехранбени производи на нашата држава. Со Република Косово осварен е извоз од 48,1 милиони евра и увоз од 4,3 милиони евра. Позитивните движења во трговската размена се рефлектираат и преку остварениот трговски биланс, а тој е позитивен и изнесува околу 43,8 милиони евра-потенцира тој.
Според него потенцијалите за трговската размена со земјоделско-прехранбени производи се големи и затоа нашите држави треба максимално да се залагаат за нивна реализација и во следниов период.Со потпишување на Протоколот, посебен акцент ставивме на размената на научни и технички информации, на новата технологија која го движи земјоделството натред, но и на искуствата за развој на советодавните служби, здруженија на земјоделци, на организирањето обуки и стручо усовршување на службите од двете земји, со цел спроведување и на прекугранични проекти.
-Во интерес на јакнење на меѓусебните односи,Република Македонија и република Косово го усогласија и текстот на меморандумот за соработка и во областа на метеорологијата, хидрологијата и на надгледувањето на животната средина кој согласно начелата и процедурите на Светската метеоролошка организација наскоро треба да го потпишат надлежните институции од двете земји-додаде министерот Димовски.
Во рамки на бизнис форумот министерор Димовски оствари работна средба со косовскиот министер за земјоделство,шумарство и рурален развој Блеранд Ставилеци.На средбата е договорено континуирано да се работи на унапредување на безбедноста на храната, вклучувајчи ја ветеринарната и фитосанитарната заштита, наоѓањето на форми и начини на соработка заради реализација на заеднички вложувања во земјоделско-прехранбениот сектор.
На средбата стана збор и за можноста за заедничка промоција на земјоделско-прехранбените производи од Косово и од Македонија на трети парари и пошироко.
-Протоколот отвора можност за воспоставување соработка и во областа на земјоделската наука, размената на генетски и биолошки материјал од областа на растителното производство и сточаство, за креирање и обезбедување на средства за финансирање и реализација на регионални проекти,како и за развој на организации на производители и здруженија на земјоделци, но, пред се размена на искуства. За кусо време ќе се формира Управувачки комитет и ќе се формираат работни групи за да се дефинираат активностите за соработка врз основа на потпишаниот протокол.
Косовниот министер за земјоделство Ставилеци на средбата ја истакна потребата од пренесување на македонските искуства во поглед на изградба на административните капацитети на Министреството за земјоделство, шумарство и рурален развој на Република Косово. |