УХМР ги одбележа светските денови на водите и на метеорологијата

Дата на објава: 
23 Март 2011
Uhmr.jpg

-Управата за хидрометеоролошки работи како институција која е во служба на граѓаните, на стопанството и воопшто на потребите на општеството, во последните неколку години, може да се пофали со навремени и точни информации. Со воведувањето на известувањето за биопрогнозата, УВ зрачењето и со вонредните прогнози сметаме дека во голема мерка им се помага на граѓаните, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, кој присуствуваше на свеченоста.

 

Тој подвлече дека метеоролошките и хидролошките услуги што ги дава УХМР значително придонесуваат за заштита на животот и имотот на граѓаните од природни непогоди, за заштита на животната средина и за подобрување на економската и социјалната благосостојба на повеќе сектори во општеството како што се безбедноста на храна, водните ресурси и транспортот.

 

Директорот на УХМР Ванчо Димитриев изрази уверување дека со заеднички напори Управата ќе прерасне во современа служба која ќе има водечка улога во решавањето на прашањата поврзани со времето, водите, климата и природната животна средина и ќе даде суштински придонес во заштитата на луѓето, материјалните добра и одржливиот развој на државата.

 

Република Македонија е членка на Светската метеоролошка организација која е основана 1950 година, како специјализирана агенција на Обединетите нации за метеорологија.