- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Ќе се откупат и минималните количини неоткупен тутунДата на објава: 16 Март 2011Во наредните денови ќе се откупат минималните количини тутун што не беа преземени до завршувањето на законскиот рок за откуп - 15 март. И за дополнително откупените количини и по законскиот рок, тутунарите ќе добијат субвенција од државата од едно евро за килограм. Ова беше констатирано на денешниот работен состанок на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со претставниците од Државниот инспекторат за земјоделство, од откупните тутунски компании и членовите на Сојузот на здруженија на тутунопроизводители. Според министерот Димовски, разговорите со откупувачите и членовите на Сојузот биле конструктивни. ,, Со продожување на рокот за откуп ќе им се излезе во пресрет на тутунарите кои не успеаја навреме да го предадат родот поради бојкотот непосредно по почетокот на откупната кампања. На состанокт направивме прецизна анализа за тоа колкави количини тутун реално останаа неоткупени и во кои региони. Со претставниците од Инспекторатот и од Сојузот на здруженија на тутунопроизводители, констатиравме дека станува збор за минимални количини и тоа во Долненскиот и во Радовишкиот регион. Откупните компании изразија подготвеност во наредните денови овие количини да ги откупат,, - рече министерот Димовски. Државниот инспекторат за земјоделство, како што беше договорено на состанокот ќе ги координира активностите на Сојузот и на откупните компании за тоа кои пунктови во кои населени места ќе се отворат за да се прифатат и преостанатите количини тутун во наредните денови. Заклучно со вчерашниот ден, според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство откупени се 25.208.281 килограми тутун. |