СООПШТЕНИЕ

Date of publication: 
14 March 2011

Според последниот извештај од државниот инспекторат за земјоделство кампањата за откуп на тутунот е на самиот крај.Вкупно откупеното количество говори дека скоро целата реколта е откупена.Останати се многу мали колучества неоткупен тутун.Во долненскиот и во радовишкиот регион во текот на денешниот и утрешниот ден ќе се врши откуп што претставува законски определен рок.

 

Доколку остане било кое количество неоткупен тутун, државниот инспекторат за земјоделство ќе дозволи да биде откупен од страна на откупувачите со цел да им се излезе во пресрет на тутунопроизводителите кои имаат повеќе тутун од договореното.

 

Согласно Законот за тутун до 25 март тутунарите треба да го пријават новото производство во подрачните единици на министерството за земјоделство.Договорите со откупните компании земјоделците треба да ги склучат најдоцна до 10 април и тоа во согласност со новиот правилник за откуп.

 

Правилникот за мерилата за квалитативна и квалитативна проценка на суровиот тутун во лист предвидува скратување на класите. Наместо досегашните 11 класи во 6 основни и 5 дополнителни, тутунот од реколтата од 2011 година ќе се договора и ќе се откупува во 4 основни и 2 дополнителни класи. Новите мерила за откуп се во интерес на производителите на тутун и значат зголемување на класите.Овој Правилник е донесен со претходна консултација со претставници од науката, откупувачите и со здруженијата на тутунопроизводителите. Со  измените се прифатија најголемиот дел од барањата на тутунарите за квалитативна промена на проценката на тутунот.