Финансиска поддршка за растително производство за 2011год

Дата на објава: 
14 Март 2011

По 8.500 денари за хектар ќе добијат земјоделците за производство на житните култури за најмалку 3 декари од секоја култура одделно, што е зголемивање за 500 денари.Висината на поддршката се редуцира во зависност од големината на засеаните површини. Стопроцентна исплата на  субвенциите ќе добијат производителите кои имаат засеано до 20 хектари. Дополнителна финансиска поддршка  од 3.000 денари за хектар ќе добијат прозводителите кои употребиле сертифициран семенски материјал, каде има зголемување од 500 денари од минатат година.. Од оваа година, земјоделците ќе добијат дополнителна финансиска поддршка од 3.500 денари за хектар за засеани површини со сончоглед и ориз.

 

За минимум засеани 2 декари со градинарски култури на отворено, предвидени се субвенции од 20.000 денари за хектар, а за  лубениците и за дињите по 10.000 денари.Зголемување на 90.000 денари за хектар од минатогодишните 80.000 има за пластеничко и оранжериско производство на домати, пиперки, краставици и режано цвеќе. Услов за да се добие субвенција е градинарите да имаат најмалку 2 декари под пластеници или оранжерии и најдоцна до 15.05.2011 да имаат евидентирано произведена и продадена количина градинарски производи на домашниот или на странските пазари.        За секој килограм градинарски култури предаден во преработувачките капацитети во период ноември 2010 – октомври 2011 година годинава, врз основа на склучен договор, производителите ќе добијат по 1,50 денари .

 

Годинава, тутунарите ќе добијат субвенција од  60 денари за килограм произведен и предаден, ориентален, полуоринетален и ароматичен тутун од реколтата 2010 година предаден во регистрираните откупни претпријатија.

 

Министерството за земјоделство од буџетот ќе одвои 12.000 денари за хектар на сетрифициран семенски материјал за житни, индустриски култури  и за градинарски култури за минимум 3 декари насеани површини.

 

Критериумите за растителното производство се намалуваат за 50 проценти ако  производствените подрачја се наоѓаат во подрачја со отежнати услови за производство. На семејните земјоделски стопанства со овие региони нема да им се редуцира поддршката во однос на  големината на пријавената површина.

 

Зголемување за 15 % на субвенциите ќе имаат земјоделците од регион со отежнати услови за производство,  10 за млади земјоделци и жените фармери носители на земјоделско стопанство, а 5 проценти поголем износ за субвенции предвидени се и за регистрираните земјоделци  согласно Законот за вршење на земјоделска дејност и за самостојните осигурениците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

 

Барањата за финансиска поддршка се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство. За една производствена  површина може да се поднесе барање само за една култура.