Демант на прилогот на А1 телевизија под наслов ,,Проблеми со државната земја,,

Date of publication: 
2 March 2011

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство остро демантира дека луѓе блиски на власта  го држат цело државно земјоделско земјиште во атарот на с. Десово .

 

Согласно Законот за земјоделско земјиште (Сл. весник на РМ бр. 135/07) изборот е правен  врз основа на најдобрата  понуда, а не во зависност од партиската припадност или блискост со власта. На огласот во с.Десово беше распределен 41ха на 5 апликанти кои дадоа најдобра понуда.

 

Земјоделско земјиште во државна сопственост несмее да се дава во подзакуп, а земјоделциоте ги охрабуваме ваквите случаии, кога некои им нуди во подзакуп земјоделско земјиште во државна сопственост, веднаш да го пријават во Државниот инспекторат за земјоделство.Воедно ги потсетуваме сите оние кои што им плаќаат на закупувачите дека тоа е спротивно на законот и казниво според постојната законската регулатива и ја охрабруваат како што тие ја нарекуваат “мафија“ да продолжи со таквите незаконски дејствија.

 

Во однос на тоа дека земјоделците од с.Десово правеле списоци за да им се доделат по 10-20 декари земјоделско земјиште, ги потсетуваме дека единствен начин за доделување на земјоделско земјиште во државна сопственост е преку јавен оглас.

 

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги прави сите напори да им излезе во пресрет на поголем број од месното население со тоа што имаат приоритет и со тоа што се огласуваат површини до десет хектари.Укажуваме исто така дека земјоделското земјиште е ограничен ресурс и не секогаш има слободно земјоделско земјиште веднаш до селото.