- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Јавна расправа на предлог на Закон за измени и дополнување на Законот за тутун и тутунски производиDate of publication: 25 February 2011Измените во Предлог Законот за тутун и тутунски производи произлегуваат од потребата за дорегулирање на законската рамка и од состојбата на теренот од годинешниот откуп на тутун.Токму затоа се предвидуваат корекции кои ќе бидат во насока на поквалитетно договорање,производство,контрола и откуп на тутунот посочи заменик министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Перица Иваноски на вчерашната јавна расправа по предложениот текст. Предлогот како што беше кажано содржи 49 измени и дополни на членови кои со мали корекции се прифатливи и за откупувачите и за тутунопроизводителите.Во однос на бројот на откупни пунктови откупувачот е должен да отвори пунктови во населени места со договорено производство повеќе од 200 тони тутун .Доколку не се отворат пријавените откупни пунктови се предвидува глоба 10 до 15 000 евра и можноста откупувачот да се избрише од Регистарот.Бришење од Регистарот на откупувачи се предвидува и доколку не се врши проценка согласно Правилникот за мерила за квалитативна и квантитативна проценка на суровиот тутун. Доколку пак проценителот на откупувачот изврши погрешна проценка на 30 производители и тоа биде потврдено од второ степената комисија,лиценцата ќе му биде одземена и ќе се забрани полагање во рок од 3 години.Приговор на проценката освен произведителот ќе може да поднесува и повереникот од Здружението.Второстепената комисија се предлага да одлучува со мнозинство,а не како досега едногласно. Измени и дополнувања иста така се предвидени и во казнените одредби каде што се се зголемуваат сумите и се прецизираат контролните механизми. Во насока на надминување на можните манипулации при проценката што ги даваше досегашниот Правилник за проценка на квалитетот на суровиот тутун,министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство го донесе новиот Правилник.Со овој правилник се скратуваат бројот на класите кои оставаа простор за манипулација на проценителите и на опткупувачите.Наместо досегашните 11 класи од кои 6 основни и 5 дополнителни,тутунот од реколтата од 2011 година ќе се договора и ќе се откупува во 4 основни и 2 дополнителни класи.Овој Правилник е донесен со претходна консултација со претставници од науката,откупувачите и со здруженијата на тутунопроизводителитe. |