- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
СООПШТЕНИЕDate of publication: 21 January 2011По покана од германското Сојузно министерство за храна земјоделство и заштита на потрошувачите, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денес и утре ќе учествува на третиот Балкански самит на министерите за земјоделство.
Самитот се одвива под мотото ,,Трговијата и глобалната безбедност на храната, глобално Оваа конференција на меѓународно ниво има за цел да обезбеди нов поттик за понатамошни разговори и преговори во врска со трговијата и глобалното снабдување со храна. Министерите за земјоделство од целиот свет ќе имаат можност да разменат искуства и концепти за трговијата со безбеднсот на храната на локално регионално и на глобално ниво.
Други настани на високо ниво кои ќе се одвиваат во рамките на Глобалниот форум за храна и земјоделство се и експертските панели, фокусирани на спецификите на поедини земји.
Министерот Димовски ќе оствари и билатерални средби со неговите колеги од регионов и Европа. |