СООПШТЕНИЕ

Дата на објава: 
21 Јануари 2011

По покана од германското Сојузно министерство за храна  земјоделство и заштита на потрошувачите, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денес и утре ќе учествува на  третиот Балкански  самит на министерите за земјоделство.

 

Самитот се одвива под мотото ,,Трговијата и глобалната безбедност на храната, глобално-регионално-локално,,. Целта на самитoт е да се  зголеми јавната свест за важноста на трговијата и интегрираниот систем за безбедност на храната и имплементацијата на  ,,правото на храна,,

Оваа конференција на меѓународно ниво има за цел  да обезбеди нов поттик за понатамошни разговори и преговори во врска со трговијата и глобалното снабдување со храна. Министерите за земјоделство од целиот свет ќе имаат можност да разменат искуства и концепти за трговијата со безбеднсот на храната на локално регионално и на глобално ниво.

 

Други настани на високо ниво кои ќе се одвиваат во рамките на Глобалниот форум за храна и земјоделство се и експертските панели, фокусирани на спецификите на поедини земји.

 

Министерот Димовски ќе оствари и билатерални средби со неговите колеги од регионов и Европа.