- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Од понеделник ќе се засилат контролите на откупните пунктовиDate of publication: 25 December 2010,,Од пријавенте 212 пункта за откуп на тутун од страна на 8 откупни компании, заклучно со 24.12. 2010 година отворени се само 84, иако законска обврска да се почне со откуп истече на 15 декември. Најголем интензитет на откупот се очекува по Божиќните презници,кога традиционално тутунарите масаовно го предаваат родот,,. Ова го соопшти министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на денешната прес конференција, осврнувајќи се на моменталната состојба со откупот на тутунот.
- Од понеделник Државниот инсперкторат за земјоделство ќе почне со интензивни контроли на откупните пунктови и ќе ги задолжи откупните компании да ги отворат сите пријавени пунктови, во спротивно согласно законот за инспекторат ќе почне со изрекување на казни за откупните компании кои нема да го почитуваат Законот за тутун. На оние компании кои нема да постапат по насоките на инспекторатот ќе им бидат изречени парични казни, а истите ако продолжат со непочитување на решенијата ќе се соочат и со изрекување на забрана за вршење на дејноста и одземање на лиценцата за откуп – најави министерот Димовски.
Од денеска и Тутунски комбинат од Прилеп почна со откуп заедно со регистрираните 8 откупни компании. Министерот Димовски апелираше до тутунските здруженија да ја искористат законската можност за вршење на нова проценка на тутунот доколку сметаат дека се оштетни со првично направената. ,,Во десетте откупни региони формирани се и функционираат второстепени комисии за проценка составени од претставници на тутунските здруженија, од Министерството за земјоделство и од откупните компании,, - појасни тој.
Согласно добиените податоци од Државниот инсперкторат за земјоделство досега се откупени повеќе од 557 тони тутун. Постигнатата просечна откупна цена изнесува 141,9 денари за килограм. Просечната постигната цена по типови на тутун изнесува за тутунот од типот Јака 133,8 денари за килогарм за откупени 252,7 тони, за тип Прилеп 137,6 денари за килограм за откупени 196,9 тони и за тутунот од типот Басмак 169 денари за клилограм за откупени 106,5 тони.
Според тутунските здруженија тутунопроизводителите не носат тутун за откуп бидејќи досега ниту една откупна организација нема дадено спроводница (покана ) за откуп и ги насочуваат тутунарите откупот да започне по Нова година.
-Знаеме дека не можеме да ја достигнеме ланската просечна цена, но барем да се доближиме до неа зашто квалитетот на тутунот годинава е одличен, истакна Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија.
Според него, сите проблеми ќе се решаваат институционално, во соработка со Министерството и Државниот инспекторат, а не со протести зашто секој ден на улица, како што рече, е изгубен и оди на штета на производителите.
-Нема да се толерира никаква злоупотреба на производителите, никој нема право да си игра со нивниот труд. Квалитетот на тутунот треба да се вреднува. Проценката мора да е реална, а не ригорозна – истакна министерот Димовски.
Како што рече тој, неприфатливо е политиката да се меша во тутунопроизводството и да се злоупотребува маката на тутунарите. Од Инспекторатот информираа дека нема де се дозволи отворање на пунктови кои не ги исполнуваат законските услови за откуп. -Нема да дозволиме да надвладее субјективната проценка од страна на тутунските компании и во откупната цена да се вкалкулира субвенцијата од 60 денари за килограм,,- истакна Румен Стаменов, директор на Државниот инспекторат за земјоделство. |