- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Министерот Димовски го означи почетокот на откупот на тутунотDate of publication: 13 December 2010Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска, во придружба на својот домаќин Игит Тунџел, генерален директор на „Сокотаб“ - Битола, го означи официјалниот почеток на откупот на тутунот од годинешната реколта. Ресорното Министерство очекува откуп на поквалитетен тутун од лани, но помало производство поради неповолните временски услови.
- Откупот го почнуваме два дена порано од законската обврска. Очекуваме тутун со повисок квалитет од лани. Изјави министерот Димовски при посетата на „Сокотаб“. Откупот на тутунот на сите пунктови во државата го вршат комисии во кои задолжително има претставници од здруженијата на тутунопроизводители. - По завршувањето на откупот веднаш ќе следи исплатата на субвенциите кои се идентични како минатата година, 60 денари за килограм предаден тутун. Со тоа продолжува нашата поддршка кон оваа стратешка земјоделска култура, истакна Димовски и потврди дека на последната Конференција на Светската здравствена организација била донесена одлука со која се ублажуваат критериумите околу употребата на адитивите во бренд цигарите и која им е во прилог на тутунопроизводителите во Македонија. |