- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
СоопштениеDate of publication: 8 December 2010Mинистерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска ја отвори регионалната работилница на тема ,,Маркетинг на производи од дрво,, што се одржува во Маврово.На работилницата учествуваат претставниците на Централната Европска Иницијатива, Канцеларијата за шумарство и дрво на UNECE и FAO, Австриското Министерство за надворешни работи како и на Регионалната канцеларија на FAO за Централна и Источна Европа.
Преку оваа работилница потенцира министерот Димовски ќе се запознае моменталната состојба на трговијата со дрвни шумски производи и ќе се разменат информации за промените на пазарите во земјите од Југоисточна Европа, зошто дрвото претставува глобално тргувано добро, заедно со производите што се добиваат од него. Во изминативе декади, евидентно е зголемувањето на трговијата со дрво и дрвните производи. Токму затоа, соочувајќи се со ваквите предизвици, шумарскиот сектор сега прави напор за балансирање на разликите во понудата и побарувачката на пазарот.Република Македонија има одлични природни ресурси за развој на шумарството, а со тоа и за рурален развој. Маркетингот во овој сектор, кај нас претставува можност за формирање на мали и средни претпријатија за трговија со дрво и дрвни производи.
За да се стимулира нивното формирање, во последниве неколку години државата направи огромни напори за олеснување на постапката за нивна регистрација.
Во овој дел, од особена важност се и претпристапните фондови кои ги нуди Европската Унија. Преку овие фонфови, отворена е можноста за финансирање во рамки на руралниот развој или за користење на средства од петтиот столб на ИПА фондовите. |