Date of publication:
13 October 2009Интересот кај земјоделците за осигурувањето на земјоделското производство од временски непогоди се зголемува. Ова се должи на мерката која Владата ја спроведе годинава за покривање на 60 % од осигурителната полиса, која за разлика од лани е двојно поголема.
Заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Перица Иваноски на состанокот за осигурување што го организира Министерството за земјоделство во соработка со земјоделските здруженија и осигурителните компании истакна дека годинашните резултати за борба против бруцелозата се многу подобри во однос на претходните години. Минатата година за користење на оваа мерка биле поднесени 120 апликации, а годинава 840. Оваа бројка според заменик министерот Иваноски треба да биде поголема за да се обезбеди сигурно и стабилно земјоделско производство.
Најавата од осигурителните компании дека од идната година земјоделците ќе можат на рати да го платат 40% од полисата за осигурување, за земјоделците е добар сигнал дека идната година ќе се зголеми бројот на производители кои ќе го осигураат производството.
Засега најголем е интересот кај земјоделците за осигурување на лозовите насади, житните култури но и за тутунот.
Кампањата на Министерството за земјоделство за подигнување на свеста кај земјоделците да го осигураат своето производство продолжуваат со засилен интензитет.