Расте интересот кај земјоделците за осигурување

Дата на објава: 
13 Октомври 2009

Интересот кај земјоделците за осигурувањето на земјоделското производство од временски непогоди се зголемува.  Ова се должи на мерката која Владата ја спроведе годинава за покривање на 60 % од осигурителната полиса, која за разлика од лани е двојно поголема.

 
Заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Перица Иваноски на состанокот  за осигурување што го организира Министерството за земјоделство  во соработка со земјоделските здруженија и осигурителните компании истакна дека годинашните резултати за борба против бруцелозата се многу подобри во однос на претходните години. Минатата година за  користење на оваа мерка  биле поднесени 120 апликации, а годинава 840. Оваа бројка според заменик министерот Иваноски треба да биде поголема за да се обезбеди сигурно и стабилно земјоделско производство.
 
Најавата од осигурителните компании дека од идната година земјоделците ќе  можат на рати да  го платат 40% од полисата за осигурување, за земјоделците е добар сигнал дека идната година  ќе се зголеми бројот на производители кои  ќе го осигураат производството.
Засега најголем е интересот кај земјоделците за осигурување на лозовите насади, житните култури но и за тутунот.
 
Кампањата на Министерството за земјоделство за подигнување на свеста кај земјоделците да го осигураат своето производство продолжуваат со засилен интензитет.