Дата на објава:
17 Ноември 2010Стабилни субвенции од 2,5 денари за литар млеко, финансиска поддршка и за преработувачите, можност да се користат средствата од ИПАРД Програмата. Ова се дел од основите на кои почива млечниот бизниз во Република Македонија, сектор кој станува се посигурен и поинтересен за инвестирање од домашните ,но пред се од странските компании. Ова е заклучокот од посетата на заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски на прилепската млекарница која пред неколку месеци ја рестартира македонско-бугарската компанија „Сирма-Пелистер”.
-Индустријата за преработка на млеко има големи можности за развој. Битно е што ова е странска инвестиција. Млекарницата работи, откупува млеко. Уште поважно е што менаџерскиот тим има развојни планови кои наскоро ќе ги реализира, рече заменик - министерот Иваноски.
Како што објасни тој, средствата од ИПАРД програмата се достапни за заинтересираните земјоделци и компании од земјоделско-прехранбениот сектор. Наскоро Владата ќе донесе сет мерки за нејзина измена и дополнување, се со цел, таа да биде подостапна за нив, а аплицирањето поедноставено.
Според Тоде Ивановски, косопственик на рестартираната прилепска мелекарница, дневниот откуп од 8 тони млеко од фармерите од пелагонискиот регион е рентабилно, иако капацитетот на млекарцицата е 40 тони. Полека, како што истакнува тој се надминува недовербата на фармерите кон млекарниците и се повеќе овој сектор функционира на пазарни основи, со строго дефинирани правила за откуп и исплата, што е во рамки на новата законска регулатива во земјоделскиот сектор на Република Македонија
Инвеститор во прилепската млекарница е корпорацијата Сирма-Приста од Русе, Бугарија која гради нова фабрика за преработка на млеко и во Битолскиот регион. За модернизирање на млекарницата менаџерскиот тим изрази подготвеност да аплицира на следниот ИПАРД оглас.
Заменик министерот Иваноски ги посети и земјоделците во кривогаштанското село Крушеани и оствари средба со производителите кои добија трактори и приклучна механизација со кофинансирање од страна на државата, преку Програмата за руралерн развој на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.