- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Се интензивира соработката во земјоделството меѓу Македонија и БугаријаDate of publication: 9 November 2010Интензивирање на соработката во земјоделството и руралниот развој, во производството и преработката на овошје и зеленчук и во секторот Шумарство. Ова бешe договорено на денешната средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со претставниците на бугарското Министерство за земјоделство и храна . Како што беше истакнато на средбата, полињата на соработка и во делот на аграраот се големи, бидејќи голема е и поврзаноста меѓу двете земји на економско , културно и на институционално ниво.
-Интензивно работиме на исполнувањето на условите кои од нас ги бара Европската Унија. Од почетокот на 2011 година, според насоките од ЕУ, почнува со работа новата Агенција за храна и ветерина, која треба да обезбеди интегрирано управување и контрола во делот на производството на храна. Оттаму, на патот кон Европската Унија драгоцена ќе ни биде и помошта и соработката и од Република Бугарија, која е веке членка на ЕУ – истакна министерот Димовски.
Николаи Пенков од бугарското Министерството за земјоделство и храна го информира министерот Димовски дека иако е дел од Унијата и користи поддршка од еврофондовите за развој на аграрот и Република Бугарија се соочува со проблеми во делот на земјоделското производство, во прв ред во производството на овошје и зеленчук. Оттаму, како што истакна Пенков, сериозно треба да се размислува на проширување на соработката меѓу двете земји и во делот на примарното производство и во преработката на земјоделски производи.
-Како скорешни членки на Унијата во фаза сме на преструктуирање на производството од екстензивно во интензивно. Затоа, сите наши позитивни искуства во овој дел, сакаме да ги размениме со Репблика Македонија и организирано, заеднички да се справиме со проблемите и предизвиците во производството - додеде Пенков.
Зголемувањето на финансиската поддршка во делот на примарното производство и преработката, како што истакна министерот Димовски од година во година дава позитивни ефекти во македонскиот агросектор. ,,Годинава бележиме одлични резултати во делот на градинарското производство. Кај некои култури, производството е зголемено за 15 проценти, а извозот за 40 отсто. Освен традиционалните пазари, годинава македонскиот зеленчук успеавме да го пласираме и на нови, европски пазари,,- заклучи министерот Димовски. |