Министерска конференција –АГРОФУД 2010

Date of publication: 
9 November 2010
Otvaramje na Agro ekspo 092.jpg

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска учествуваше и на министерската конференција на тема „Имплементација на ЦЕФТА - слободно движење и пречки во трговијата со земјоделски производи“

Министерот Димовски на обраќањето на конференција ја истакна  стратешката позиција и перспектива на Република Македонија кон интеграција во меѓународните организации, а пред сè, нашата стратешка определба да станеме рамноправна членка на Европската унија и НАТО.

 

Во пракса, посочи министерот,ова значи имплементација на сите преземени обврски кон меѓународната заедница, и тоа врз основа на склучените спогодби и договори, во прв ред во делот на економијата и структурните реформи.Подготвеноста на Република Македонија за влез во европското семејство е условена со исполнуивање на дефинираните стандарди со кои треба да се креира функционална пазарна економија, слична како европската, да се зајакне способноста да се издржи конкуренцијата, се со цел да се прифатат и имплементираат европските правила.Ова се трите економско - правни  критериуми, на кои се темели и земјоделството. Постигнувањето на овие стандарди, води кон зголемување на можностите за интензивирање на извозот, зошто економската логика е повеке од јасна – пазарот е отворен само за земјоделските производители и преработувачи кои можат да се носат со ригорозните ценовни и квалитативни барања за конкурентност на Европската унија.

 

За подобрување на земјоделската политика во изминатиов период Република Македонија презема значајни чекори. Со Националната Програма, направивме план на активности за усогласување на домашното со правото на Европската унија.

 

Со Стратегија за земјодество и рурален развој ги идентифукувавме ефикасните политики за развој на аграрот и руралните средини, кои се во согласност со барањата на Европската унија , Како национален приоритет, ја акредитиравме Платежната агенција и почнавме со реализација на ИПАРД Програмата. Сето ова е резултат  на нашата определба дека земјоделството и прехранбената индустрија се витално важни сектори  за развој на целокупната економија на државава. Ова беше една од основите и за отпочнувањето  со имплеметација на Стратегијата за земјоделство и рурален развој,

 

Врз основа на преземените меѓународни обврски, направивме големи промени и во трговската политика со цел македонската земјоделска политика и поддршката на земјоделскиот сектор да ја трансформираме согласно европските стандарди. Република Македонија направи големи трговски реформи со пристапувањето во Светската трговска организација и отпочнувањето на имплементацијата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Европската унија. Нашата држава преку либерализацијата, го отвори својот пазар а тоа значеше реалност за зголемување на регионалната трговска интеграција, во прв ред со склучувањето на голем број Договори за слободна трговија и со отпочнување на имплементацијата на Договор ЦЕФТА 2006.

 

Договорите за слободна трговија стимулираа пораст на домашната економија овозможувајќи подобра позиција на македонските земјоделски производи на странските пазари. Договорите за слободна трговија значеа и привлекување и зголемување на странските директни инвестиции, модернизирање на производството и зголемување на продуктивноста и конкурентноста на нашите производи на домашниот и на странските пазари.

 

Приклучувањето кон ЦЕФТА за Република Македонија значеше воспоставување на флексибилен регионален трговски блок кој ја  либарелизира ја глобалната економија, ги елиминира увозните давачки и пречките кои ја нарушуваат трговијата, но и која ги подготви своите земји членки и да ја прикажат сопствената економска и политичка зрелост за потенцијално членство во ЕУ.  Имплементацијата на ЦЕФТА Договорот во 2006, генерално кај сите земји членки, го зголеми обемот на трговска размена со земјоделско-прехранбени производи.

Искрено се надевам додаде министерот Димовски дека досегашната одлична соработка меѓу Република Македонија и земјите од регионот и пошироко,ќе продолжи и уште повеќе ќе се продлабочува, а ваквите средби се и ќе останат редовна пракса во нашето секојдневно работење.