Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски во работна посета на Полска и Холандија

Дата на објава: 
22 Октомври 2010

Во рамките на посетата на заменик министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Перица Иваноски на Полска и на Холандија која беше реализирана оваа недела, беа остварени поголем број разговори со претставниците на министерството за земјоделство и рурален развој и Агро-економскиот Институт на Република Полска поврзани со евроитегративниот процес. Во рамките на работните средби во министерството, беа отворени поголем број прашања поврзани со искуството на Р. Полска во процесот на пристапување кон ЕУ, како и искуствата со политиките за надминување на структурните недостатоци како што се консолидација на земјоделското земјиште, науката и истражувањето во земјоделската област, и здружување на земјоделските производители во задруги и кооперативи. Покрај ова, на средбата во министерството беше дискутирано и за претстојното претседателството на Р. Полска со ЕУ, односно можноста за политичка поддршка на Р. Полска за евро-интегративниот процес на РМ во текот на претседателството со ЕУ.На средбата во економскиот институт беа дискутирани прашања во врска со финализацијата на воспоставувањето на Мрежата за воспоставување на сметководствени податоци на ниво на фарма (ФАДН), кој во РМ успешно се реализира со техничка поддршка од овој институт.

 

Заменик министерот Иваноски учествуваше и на  двете презентации на македонската винска индустрија во Варшава и Амстердам во насока на подобар пласман на македонските вина на пазарите на Република Полска и Кралството Холандија. На презентациите учествува 10 винарски визби од Република Македонија кои ги претставија своите производи на потенцијалните купувачи – најголемите увозници на вино од двете земји, претставници на поголемите маркети и специјализирани продавници, како и претставници на поголемите ресторани и ланци на хотели од двете земји. На двете презентации е забележан голем интерес од страна на потенцијалите купувачи на македонското вино со над 300 посетители.