- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Акумулацијата Козјак порибена со 100 килограми пастрмкаDate of publication: 20 October 2010Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски учествуваше на порибувањето на акумулацијата Козјак со 100 килограми подмладок од автохтоната пастрмка „поточарка“.
Порибувањето, второ во текот на оваа година, го изврши јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“ кое е концесионер на акумулацијата Козјак.
- Паралелно со порибувањето на водите од страна на концесионерите, Министерството за земјоделство, во соработка со Институтот за сточарство и Хидробиолошкиот завод од Охрид, ги порибува риболовните води кои не се дадени под концесија. Според годишниот план, досега е извршено порибување со пастрмка на реката Вардар и нејзините притоки во гостиварскиот, тетовскиот и во скопскиот дел, а од вештачките езера порибени се акумулациите Липково, Глажња, Калиманци и Лисиче – изјави министерот Димовски.
Директорот на „Јасен“ Михаил Малахов го запозна министерот со потенцијалот на резерватот во делот на езерскиот, ловниот и риболовниот туризам.„Јасен“располага со повеќе сместувачки капацитети за престој на гости. Низ територијата на која се протега овој резерват, изградени се околу 35 километри шумски патишта и други патеки кои овозможуваат организирање велосипедизам, планинарење, лов.
Како што објасни тој, во рамки на ,,Јасен,, се наоѓаат трите акумулации Матка, Козјак и Св. Петка кои изобилуваат со карактеристичен животински свет. |