- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
СоопштениеDate of publication: 13 October 2010По предлог на министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство Владата на вчерашната седница донесе Одлука за воведување на мерка за заштита на пазарот на ориз. Врз основа на член 46 став 4 од Законот за земјоделство и рурален развој, увозот на ориз се врзува со откупот на ориз од род 2010 година од домашно производство.За секој увозен 1 килограм ориз увозниците ќе треба да откупат 4 килограми домашен ориз.Оваа одлука се донесува, заради опасност од нарушување на пазарот, како и загрозување на целите на националната земјоделска политика.
Оризот е житна култура која во вкупната површина под житни култури учествува со околу 3%. Производството на ориз во Република Македонија е со долга традиција на одгледување. Неговото значење е многукратно бидејќи е извозно ориентиран и ангажира многубројна работна сила во производството и доработката.
Вкупно засеаните површини под ориз во 2010 година изнесуваат 3.725 ха, и се очекува производство од околу 23.100 тони оризова арпа, односно за околу 2.000 тони повеќе од производната 2009 година.
При доработката на оризовата арпа се очекува од родот 2010 година да се оствари вкупно производство од околу 12.700 тони бел ориз. Потребите од бел ориз во земјата на годишно ниво, односно на ниво на економска година, изнесуваат вкупно 8.500 тони бел ориз, од кои за исхрана на населението 6.500 тони и околу 2.000 тони за репродукција.
Согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2010 година оризот како и другите житни култури се субвенционира по хектар и тоа:за засеана површина 8.000 ден/ха,дополнителни 2.500 ден/ха за сертифициран семенски материјал и 2.400 ден/ха за земјоделските производители кои ќе докажат дека нивното производство е сертифицирани органско производство и органско производство во преод.
Одлуката за заштита на пазарот на ориз влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен Весник на Република Македонија”. |